Во машката македонска ракометна Супер лига денеска ќе се игра еден натпревар. Тоа е дербито во Битола каде вицепрвакот Еурофарм Пелистер го пречекува Охрид.
Ова е натпревар на трето- и четвртопласираните екипи на табелата.
Битолчани влегуваат со кренат морал по триумфот над Вибжеже Гдањск (34:27). Но во домашното првенство неодамна загубија од Алкалоид (30:28). Овој дуел за избраниците на Червар доаѓа и пред најважниот на европската сцена. Пелистерци во вторник (1 декември) гостуваат во Шпанија кај Ла Риоха во меч „да се биде или не“.
Од друга страна, Охрид патува во Битола во одлична серија од пет последователни победи во сите натпреварувања.
Првиот меѓусебен дуел сезонава во Охрид заврши без победник со резултат 28:28, што најавува нова неизвесна борба.
Битолчани, кои имаат два пораза досега, се четврторангирани со 17 бодови, два помалку од денешниот ривал Охрид, кој е трет. Пред нив на втората позиција е Алкалоид со 20 бодови, кој веќе го одработи својот меч од ова коло.
На врвот неприкосновен со максимални 11 победи е шампионот Вардар, кој во недела ќе гостува во Битола кај вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Денешното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе почне од 18 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|



































