Машката кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе неочекуван пораз во претквалификациите за Евробаскет 2029. Во натпреварот 3.коло на Ф групата одигран вечерва во Скопје, Македонија беше надиграна од Кипар со 75-85.
Гостите уште на стартот покажаа дека имаат цел, да си заминат непоразени. Тие подобро го отворија натпреварот имаа водство од 3-9, а жолто-црвените брзо ги консолидира редовите. Разликата беше надополнета, па до крајот на првиот квартал Македонија создаде предност од два поени. Се ,,мачеа” македонските репрезентативци и во втората четвртина. Кипар се покажа како тврд противник, кој во еден миг повторно имаше шест поени предност. Сепак на паузата меѓу двете полувремиња се замина со израмнете 43-43.
И во второто полувреме македонската репрезентација не наликуваше ни од далеку на фаворит.
Со голем број на грешки, без течност во нападот, македонските репрезентативци беа подобри само за еден поен (12-11), во третиот период, па во последната четвртина се влезе со резултат 55-54. А неа, Кипраните ја отворија со серија од 1-9 за да создадат предност од седум поени 56-63. Тоа се покажа како пресудно, бидејќи македонските репрезентативци не можеа тоа д а го надополнат.
Ненад Димитријевиќ постигна 30 поени, а двоцифрен беше само и Ѓуровски со 11, додека Војдан Стојановски заврши со 9 поени. Големо разочарување беше Американецот, Рајт кој постигна само три поени.
Сега Кипар е прв на табелата со ефект два од два, пред Македонија со по една победа и порази и Австрија која нема победа. Ова е чекор назад за македонската селекција која во последните два натпревари од овој втор круг од претквалификациите ќе мора да победи. Тие ќе се игра во февруари месец вселената година. Прво ќе ја пречекаме Австрија на домашен терен а потоа ќе гостуваме кај Кипар. Посетување дека само првопласираната репрезентација ќе оди во главната фаза од квалификациите.
































