Поради претстојните два последни натпревар во евро-квалификациите на сениорската репрезентација на Македонија, натпреварите од 11 коло во плејоф конкуренцијата на Супер лигата ќе се одиграат порано од вообичаеното.

Денеска на програмата се три средби. Лидерот Вардар го пречекува вториот состав на Еурофарм Пелистер, а и првиот тим на битолчани гостува во Скопје кај Пролет.

Во Автокоманда, дуел на трето и четврто пласираните Алкалоид и Охрид.

Последната средба од оваа рунда ќе се одигра во недела во Кавадарци каде гостува Бутел.

За во недела (16 часот) е закажана и првата прозивка на селекторот Лазаров, на играчите што се најдоа на неговиот список за натпреварите со Луксембург и Турција.

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈОФ – 11 КОЛО
ПЕТОК
13:00 ВАРДАР – Е.ПЕЛИСТЕР 2
19:00 ПРОЛЕТ – Е. ПЕЛИСТЕР
19:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД
НЕДЕЛА
19:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

tabela-super-liga-rakomet-pred-11-kolo