Од утре до понеделник ќе се играат натпреварите од 14.коо во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Тодор Проевски“ во СКопје, ќе се играат двата најинтересни натпревари. Фатмир Бафто и Димитар Пилешков ќе ја делат правдата на дерби дуелите/

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави комплетното делегирање за петте натпревари.

Пресметката меѓу Вардар и Тиквеш се игра в сабота ќе ја суди Фатмир Бафто. Крај аут-линиите ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески, а четврти судија е Димитар Левески.

Второто дерби ќе се игра во понеделник меѓу Шкендија и Силекс, исто така на „Тодор Проески“. Главен судија на оваа средба е Димитар Пилешков. Негови помошници се Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев. Улогата на четврти судија му припадна на Стојанче Стојанов.

Рундата во ПМФЛ ќе биде отворена утре (петок) од 13 часот со мечот Шкендија Арачиново – Башкими на „Чаир“. Средбата ќе ја води Стојанче Трпчевски.

Во сабота, на дуелот Скопје – Аресими правдата ќе ја дели Александар Грујоски, а во недела на меѓот меѓу Брегалница и Струга Трим Лум на центарот ќе биде Доне Ристовски.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање