Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2026 година со катастрофален скор од 8 порази и две ремија на 10 одиграни натпревари. Националниот тим под водство на селекторот Гоце Седлоски забележа очајни резултати и негативна гол-разлика од 1 постигнат и 23 примени погодоци.
Двата нерешени резултати на Македонија беа остварени на средби против селекциите на Ирска и Босна и Херцеговина кои завршија без голови.
Единствениот погодок во оваа календарска година нашите фудбалери го постигнаа при поразот од 2:1 на гостувањето против Шкотска.

На преостанатите седум натпревари македонските репрезентативци не успеаја да ја затресат противничката мрежа, претрпувајќи убедливи порази.
Овој резултатски колапс (ДЕБАКЛ) претставува еден од најцрните периоди во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал. Тоа само по себе наметнува сериозни прашања за иднината, не само на Седлоски како селектор туку и мак-футбалот во целост.































