Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра последниот натпревар од овогодинешното издание во УЕФА Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски направи само една измена во почетниот состав за вечерашниот дуел против Словенија во Скопје.

Нашиот национален тим ќе истрча во офанзивна формација со Елиф Елмас, Дарко Чурлинов и Адем Растодер во нападот. Наместо Дориев, шанса од првата минута добива Агон Елези кој ќе делува во средниот ред.

Редот за врска го надополнуваат капитенот Енис Барди и Гаштаров. Бедемот пред голманот Столе Димитриевски го сочинуваат дефанзивците Илиевски, Младеновски, Муслиу и Алиоски.

Овој натпревар нема резултатско значење за нашата селекција која дефинитивно завршува последна во Б сегментот. Словенците предводени од Боштјан Цезар доаѓаат со силен мотив за победа и потврда на втората позиција.

Натпреварот на Националната арена започнува во 20:45 часот пред очите на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.