Во Првата македонска кошаркарка лига, екипата на три тима имаат максимален учинок. Само тимот на Феникс има пет од пет, бидејќи во Б групата се одигра четвртата рунда.

Кошаркарите на Феникс ја задржаа лидерската позиција со максимален учинок. Лидерот во групата А славеше убедлива победа над екипата на Ангели со конечен резултат 115:83. Најефикасен поединец кај победничкиот тим повторно беше расположениот Андреј Стојановски со фантастични 38 постигнати поени. Одлична поддршка имаше од Грбовиќ со 23 поени, Лоусон додаде 17, Соколов реализираше 12, а Јанески запиша 10 поени.

Победничкиот чекор во истата група успешно го следи и екипата на Мега баскет, која сега има скор од 4-1. Тимот од Прилеп одигра доминантен натпревар на домашен терен и го декласираше составот на Црн Дрим со високи 98:46. Прв стрелец во редовите на Мега баскет беше Бертранд со 20 реализирани поени на овој дуел. Двоцифрен учинок кај домаќините имаа уште и Настески со 13, Стевановски со 12 и Ивановски со 10 поени.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ (5.КОЛО):

Група А
ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 115:83
МЕГА БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ 98:46
ИБА СКОПЈЕ – МЛАДИНЕЦ 84:66
ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ 89:85

ТАБЕЛА: Феникс 2010 5-0, Водно Санс 4-1, Мега баскет 4-1, ИБА Скопје 3-2, Борец баскет 2-3, Ангели 1-4, Црн Дрим 1-4, Младинец 0-5.

Група Б
ГЕВГЕЛИЈА – ТЕТЕКС ТТК 71:62
ВАРДАР – ОХРИД 86:77
БУТЕЛ – ОВЧЕ ПОЛЕ 65:94
Гостивар беше слободен во ова коло.

ТАБЕЛА: Гостивар 4-0, Вардар 4-0, Овче Поле 3-2, Охрид 2-3, Бутел 1-3, Гевгелија 1-3, Тетекс ТТК 0-4.