Денешната програма од 13.коло во Првата македонска фудбалска лига донесе голема борба и значајни промени во средината на прволигашката табела. Екипите на Башкими и Брегалница ги поделија, додека Шкендија Арачиново славеше на гостувањето кај Арсими.
Во Куманово, дуелот меѓу Башкими и штипска Брегалница започна со петнаесет минутно задоцнување поради отсуство на противпожарно возило.
Домашниот состав поведе во 27.минута преку десниот бек Фавзи Јахаја. Тој одлично се снајде во петерецот и со глава го матираше голманот Јашар. Штипјани тешко создаваа шанси во продолжението, но сепак стигнаа до посакуваното израмнување. Во 73.минута по нафрлувањето на Стојковски и вратената топка со глава од Николов, домашниот чувар на мрежата Алиу интервенираше несигурно. Тоа го искористи Натаниел Лоренцо Маское да постигне гол за конечни 1-1 и освојување на вреден бод за штипјани.
На Градскиот стадион во Гостивар, се радуваа гостите од Арачиново, Шкендија славеше над Аресими со 0-2.
По првото полувреме мрежите мируваа, а резултатот беше отворен веднаш на стартот од вториот дел. Во 47.минута, кога Дашмир Елези постигна прекрасен погодок за водство од 0-1. Домаќините тргнаа во офанзива и беа најблиску до израмнување во 71.минута, но ударот на Гаје заврши во дирекот од голот. Дилемите околу победникот ги реши капитенот Бесир Демири во 85.минута од белата точка, откако ВАР-собата потврди игра со рака од Ел Хаџи Геје.
По денешните средби, а пред репрезентативната пауза, лидер на табелата во ПМФЛ е Струга Т.Л. со 29 бода, пред тетовска Шкендија со 27. Третото и четвртото место го делат Тиквеш и Вардар со по 24 освоени бода. Шкендија Арачиново сега е петта со 18 бода, пред Силекс кој има 17.
Следното 14 коло ќе се играа дури за две недели 21/22 ноември.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































