Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2028 година. Нашите ракометари за противник ќе ја имаат Грција против која играат на гостински терен во Халкидика.

Нашите најдобри ракометари отпатуваа на ова гостување со максимална самодоверба и јасна цел да освојат нови значајни бодови во Групата 8. Избраниците на селектор Лазаров го отворија квалификацискиот циклус со убедлив триумф на домашен терен против Луксембург со високи 41:23. Токму поради одличната гол-разлика, Македонија моментално се наоѓа на првото место на табелата во својата квалификациска група.

Од друга страна, грчките ракометари во првото коло беа поразени на гостувањето кај фаворизираната Шведска со резултат од 33:24. Иако домаќинот ќе бара шанса за рехабилитација пред својата публика, квалитетот и искуството се апсолутно на страната на македонскиот национален тим.

Во последните четири меѓусебни пресметки, нашите ракометари запишаа четири сигурни победи против јужниот сосед. Сепак, стручниот штаб предупредува дека пристапот мора да биде максимално сериозен од првата до последната минута.

Фокусот ќе биде ставен на цврстата одбрана и брзата транзиција, што се покажа како добитна комбинација на претходниот натпревари. Евентуална победа широко ќе ги отвори вратите за нов континуиран настап на континенталниот ракометен собир.

Дуелот меѓу Грција и Македонија ќе почне во терминот од 16 часот.