Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2028 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во 1.коло го пречекуваат составот на Луксембург пред домашната публика во Скопје.
Овој воведен натпревар е одлична можност за македонските ракометари да забележат сигурна победа и да ја оправдаат фаворитската улога. По денешниот дуел, нашиот национален тим го очекува тешко и исклучително важно гостување кај мотивираната селекција на Грција. Натпреварот против грчките ракометари е закажан за викендот и може да биде клучен во овие евро-квалификации.
Нашата репрезентација се наоѓа во осмата квалификациска група, каде топ-фаворит за првото место е силната Шведска.
Директен пласман на следниот континентален собир ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од сите квалификациски групи. Целта на стручниот штаб е максимален бодовен учинок од овие два воведни меча за мирен продолжеток на квалификациите.
Денешниот натпревар меѓу Македонија и Луксембург што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 19 часот




































