Одбојкарите на Штип УГД победнички се простија од дебитантскиот настап во ЦЕВ Лигата на шампиони. Штипјани се поразени од холандскиот состав Орион Старс и во реванш дуелот игран пред домашната публика.

Иако во два наврати имаа водство (1:2 и 2:1 по сетови), сепак фаворизираниот холандски тим ја потврди улогата и победи со 2:3.

Што се однесоа до денешниот натпревар. Одбојкарите на Штип УГД видно мотивирани го отворија мечот. По почетното водство на гостите, штипјани ја презедоа играта го првиот сет решија во своја полза со 25-23 Во вториот, холандскиот состав го крена нивото на својата играта Орион Старс беше тимот кој го диктираше темпото и го доби сетот со 20-25.

Голема борба се водеше во третиот сет. Иако домаќините први поведоа, гостите од Холандија со две серии успеа да се одлепат на плус 5. Tвата предност знаеше како искусниот холандски состав да ја искористи да го добие сетот со 15-25, тоа да го изрaмни резултатот 2:2. Во решавачкиот пети сет холандскиот тим ја демонстрира својата надмоќ и го доби сетот со 10-15, за конечни 2:3.

македонскиот првак се прикажа во одлично светло, недоволно да се избори нова рунда во лигата на шампионите. Тука европската сезона не застанува. Штип УГД ќе продолжи во ЦЕВ купот.