Две македонски одбојкарски екипи, во женска конкуренција, Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ денеска ги почнуваат своите настапи во европската сцена. Тие ќе ги играат мечевите од 1.коло во ЦЕВ Челeнџ куп.

Шампионот Работнички Скопје за противник ќе го имаат грчкиот претставник Заон Кифисиа. Првиот меч одбојкарките на Работнички ќе го игра на гости, а попладнево од 17 часот.

Екипата на Јанта Волеј КВ својот прв меѓународен меч сезонава, наместо во Скопје ќе го игра во Куманово. Тимот од Кисела Вода, за противник ќе ја има чешка екипа Прага во дуелот што ќе стартува од 19:30 часот. Реваншот во Скопје ќе се игра на 3 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот).

Во среда, машкиот првак Штип УГД го пречекува холандскиот состав Орион Старс во реваншот од ЦЕВ Лигата на шампионите. Штипјани имаат тепка задача бидејќи на првиот меч загубија убедливо во три сета. Овој елитен одбојкарски дуел закажан за утре од 18 часот и ќе се одигра во спортската сала „Џексон“ во Штип.

Четвртиот македонски претставник Струмица, своите европски обврски ќе ги започне кон средината на следниот месец.