Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија на крајот на месецов ќе ги одиграат последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи наредната година.
Селекторот Кирил Лазаров, денеска го објави списокот со 35 ракометари, кои ќе конкурираат за натпреварите со Луксембург и Турција.
Дејан Манасков повторно не е во комбинација ќ, но затоа во репрезентацијата се враќаат Филип Талески и Гоце Георгиевски.
Најголемиот дел од повиканите ракометари се од домашното првенство.
Македонија е на второто место на табелата, зад Португалија која е сигурен патник на шампионот. Црвено-жолтите на 26 апрул ќе гостува во Луксембург, додека на 30-ти во Скопје против Турција. На претходниот собир Македонија, ќе треба да се потврди втората позиција и новиот настап на ЕП.