Актуелниот шампион Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога и забележа убедлива победа над Вардар во натпревар од женската Супер лига.
Во последниот натпревар, со кој се комплетира петтото коло Ѓорчепетроивки славеа со 29-47.
Натпреварот започна со израмнета игра, а пресвртот во првиот дел дојде во 16. минута, кога „Лавиците“ направија серија од 6-0 и се одлепија на 10:4. Вардарки се обидуваа да ја намалат негативата и да се вратат во натпреварот, но гостинскиот состав ја контролираше играта. На паузата Ѓорче Петров замина со убедливи 19:11.
Во второто полувреме шампионот продолжи во ист ритам. Во 35. минута предноста на Ѓорче Петров изнесуваше осум гола (24:16), а до крајот на натпреварот немаше резултатска неизвесност. Ѓорчепетровки ја одржуваа предноста и во продолжението дополнително ја зголемија, за на крајот да слават со убедливи 47:29.
Емилијана Ризоска и Ана Вранчиќ со по 8 голови беа најефикасните во победничката екипа, а кај Вардар, Дона Тодоровска и Јована Павичевиќ постигнаа по пет.
Тимот на Ѓорче Петров, кој е прв на табелата, е единствениот кој има максимални пет победи, додека вардарки го претрпеа третиот пораз и се на четвртото место.
Ивона Кимовска





































