Ракометарите на Охрид го добија дерби дуелот против Алкалоид во рамките од 6.коло на машката Супер лига. На натпреварот одигран во салата „Билјанини извори“ охриѓани ги израдуваа своите навивачи со триумфот со конечни 26-24.

Во првото полувреме двата тима има свои добри периоди на игра. Охриѓани отворија со 2-0, а тимот на Алкалоид брзо се врати во игра. Избраиците на Кирил Лазаров имаа предност од три голови разлика во 15.минута (4-7). Сепак до крајот на полувремето избраниците на Роевиќ одиграа далеку поквалитетна во одбраната. Тоа резултира со 4 голови предност на паузата (15-11).

Во вториот дел од составот на Охрид знаеше како да ја одржувам, но и зголемува предноста, па во 43.минута водеше и со 6 голови разлика. Таа предност за тимот од Автокоманда се покажа како недостижна, па Охрид ја впиша својата четврта победа. Со по 6 постигнати гола, Тилен Стрмљан и Доминик Матхе беа најефикасни во победничката екипа. На спротивната страна со шест голови заврши Никола Костески.

По овој пораз на тимот на Алкалоид, само шампионот Вардар остана единствен со максимален учинок.

Вардарци денеска забележаа очекувана победа на гостински терен против Струга со 24-33 и се вратија на првата позиција на табелата.

За црвено-црните е Еурофарм пелистер, со бод помалку, без пораз, па Алкалоид е трет, а Охрид на четвртото место.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б