Да беше некој друго фудбалско првенство можеби ќе беше изненадување, но во нашето, македонско веќе ништо не не може да не изненади.

Актуелниот првак Вардар по седум од игра кола, е на петтата позиција на прволигашката табела. Дебитантот во Првата лига арачиновска Шкендија е пред Вардар, трето рангирана. Од овие позиции двете екипи денеска ќе го стартуваат својот меч од 8-то првенствено коло, па до некаде може да го има и префиксот „дерби“.

Вардарци веќе направија тренерска промена која и не донесе којзнае каков резултат, па во претходната рунда црвено-црните одиграа само 3-3 со Башким. Од друга страна, арачиновци се во налет. Тие имаат три победи во низа, а четири на последните пет одиграни натпревари.

Од оваа причина, Вардар ја нема улогата на апсолутен фаворит, напротив, вардарци ќе мора многу да се испотат за да ги освојат бодовите во дуелот со арачиновци.

Денешниот натпревар меѓу Вардар и Шкендија Арачиново, што ќе се игра на теренот крај ФФМ, ќе почне во вечерниот термин од 20 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање