Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се играат четири натпревари од трето коло.

Во салата во скопска Автокоманда ќе има двојна програма. Први на теренот од 16.30 часот, ќе истрчаат младите екипи на Мулти Есенс и вториот состав на Еурофарм Пелистер.

Вториот натпревар во оваа сала, ќе си игра од 19 часот, а во него Алкалоид ќе го пречека составот на Куманово.

Интересен се очекува да биде на натпреварот во Бутел, каде истоимената екипа предводена од тренерот Стојанче Стоилов го пречекува фаворизираниот Охрид. Шампионот Вардар пак на домашен терен ќе игра против екипата на Младост од Богданци.

За утре закажан еден натпревар и тоа во Струга каде ќе гостува вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Колото ќе биде комплетирано дури во среда, со натпреварот меѓу Прилеп и Тиквеш. Ова поради обврските на кавадаречкиот состав на европската сцена, односно ЕХФ Европскиот куп.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б