На Европското првенство за одбојкари, заврши фазата по групи. Со тоа познати се 16-те репрезентации што ќе продолжат во осминафиналето.
Последниот ден во групната фаза донесе неколку интересни резултати. Импресивна победа од 3-0 за Белгија над Србија, големото изненадување и првиот пораз на Финска со 2-3 од Естонија, како и петта победа на Италија во пет сета над Словенија.
Натпреварите од осминафиналето продолжуваат во Торино, Италија и во Софија, Бугарија.
Двојки за осминафиналефто
Сабота, 19 септември
Софија, 15:00 Полска – Латвија
Софија, 18:00 Германија – Бугарија
Недела, 20 септември
Софија, 15:00 Украина – Романија
Торино, 16:00 Финска – Грција
Софија, 18:00 Франција – Португалија
Торино, 21:00 Италија – Данска
Понеделник, 21 септември
Торино, 16:00 Белгија – Чешка
Торино, 21:00 Словенија – Србија



































