Машката од одбојкарска репрезентација на Македонија со триумф го заврши својот настап на Европскиот шампионат.

Во натпреварот последната пето коло на софиската „Б“ група, Македонија попладнево го победи Израел со убедливи 3:0 во сетови.

Дека е избраниците на селекторот Јошко Миленковски имаат квалитет потврдија на овој меч. Речиси во текот на целиот натпревар нашите одбојкари го контролира резултатот. Во првиот имавме и највисоки пет поени предност 12-7, нова финишот Израелците успеаја да стигнат до израмнување 19-19. Сепак до крајот црвено-жолтите повторно да ја наметнат својата игра, пред се во нападот и да го добијат сетот со 25-21.

Во вториот сет Израелците беа рамноправни само до 12:12. Потоа македонските одбојкари успеаја да врзат 4 поени во низа и да создадат предност која се покажа како решавачка за тој сет. Со резултат 25-23Ммакедонија го доби вториот сет и поведе со 2:0.

Налик на претходниот, така мина и третиот сет, но тогаш противникот беше рамноправен само до 7-7. Уште еднаш избраниците на селекторот Миленковски направија серии за водство од 14-10. Во продолжението, Израелците постојано ја бркаа негатива, дојдоа и на -1, но не успеаја да израмнат. Затоа Македонија го доби и тој сет со 25-22 за конечни 3:0.

Македонската репрезентација со еден триумф, денешниот и четири порази, заврши како петтопласирана во групата. Вчерашниот пораз од Португалија, за жал се покажа како решавачки за пласман на Македонија во осминафиналето.

Оваа сигурно беше и последниот шампионат, за поголем дел на македонски одбојкари кои веќе четврти пати во низа има учество на континенталните првенства.