Женската сениорска репрезентација на Македонија, од 24 до 26 септември во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на меѓународниот турнир ,,Трофеј Македонија”
Новиот селектор, Црногорецот Игор Марковиќ, го објави списокот на ракометарки повикани за турнирот во Охрид.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 21 септември 2026 година (понеделник) во 09:00 часот, во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Во Охрид покрај Македонија, ќе играат уште селекциите на Србија, Хрватска и Црна Гора. Натпреварите на овој турнир за нашата репрезентација ќе бидат дел од подготовките за настап на Европското првенство. Македонија на континенталниот шампионат ќе игра против Романија, Швајцарија и Норвешка.































