Во Првата македонска фудбалска лига следува петтото коло, а натпреварите (пет) ќе се играат во четири дена.

Не дека тоа е нешто ново или невообичаено, тоа е редовна пракса во најквалитетните европски фудбалски првенства. Па по терк на Премеир, Бундес лигата, Примера и кај нас ПМФЛ, едно коло ќе се игра во четири дена.

Само, има разлика. Таму се натпреваруваат по 20, а кај над двојно помалку екипи. Таму сите натпревари се пренесуваат на ТВ, а кај нас од пет, два ќе одат како снимка. Така ќе биде и овојпат, бидејќи според најавената програма (досега), натпреварите Аресими – Скопје и Башкими – Шкендија (А) ќе бидат емитуван како снимка.

Се ќе почне утре со двојна програма и дербито во Кратово каде Силекс ќе ја пречека тетовска Шкендија, а час подоцна Струга ТЛ ќе игра со штипска Брегалница. Колото ќе биде заокружено со уште едно дерби, во понеделник во Кавадарци каде ќе играат Тиквеш и Вардар.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање