Македонските спортисти веќе освоија пет медали на Медитеранските игри Таранто, Италија.

Борачите донесоа вкупно четири од нив, по два сребрени и бронзени, а на нив се приклучи боксерот Ален Рустемовски.

Тој уште вчера со победата во четвртфиналето си обезбеди медал, а денеска боксуваше во полуфиналалето. Во оваа борба во категоријата -60 кгр. за противник го имаше Шпанецот, Марин Хернандез.

Повеќе поени во првата рунда од судиите крај ринг собра Шпанецот, за кого четворица судии дадоа десетки, а еден гласаше за Рустемовски, кој пак од сите петмина судии во втората доби десетки. Во последната рунда гласовите беа за нијанса на страна на Шпанецот кој на поени ја доби борбата со 30-27.

Така Рустемовски не успеа да се избори за финале во кое би боксувал за златото, па ќе мора да се задоволи со бронзеното медал.