Македонските спортисти веќе одбвоија четири медали на Медитеранските игри Таранто Италија.
Откако вчера борачите ги донесоа првите три медали (две сребра и бронза), денеска медал обезбеди и боксерот Ален Рустемовски.
Тој во четвртфиналната борба во категоријата -60 кгр. го победи албанскиот боксер Ариол Зенели, пред истекот на третата рунда. Рустемовски со одлична комбинација на удари го прати на подот правникот, а судијата мораше да ја прекине борбата.
Со пласманот во полуфиналето, Рустемовски веќе обезбеди бронза, но размислува за златото. За да се случли тоиа, Ален ќе треба да го победи Шпанецот, Марин Хернандез. Полуфиналната борба што ќе се одржи утре е закажана за 15 часот.



































