Со денешните два и тоа дерби дуели ќе биде комплетирано 4.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Двата натпревари што ќе се играат вои Скопје, се дуели на четирите екипи кои претендираат за шампионскиот трофеј.
На арената „Тодор Проевски“, актуелниот првак Вардар го пречекува кратовски Силекс. Вардарци се во низа од два порази во дерби мечевите со Шкендија и Струга Трим Лум. Сега црвено-црните ќе треба да се „вадат“ во дуелот со традиционалниот ривал Силекс. Од друга страна избраниците на Васовски играа офанзивно и досега на трите натпревари постигнаа 10 годоло.
Овој натпревар ќе почне од 17 часот, а два часа подоцна (19) следува второто дерби.
Тоа ќе се игра на теренот крај ФФМ, а во него тетовска Шкендија ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум.
Тетовци кои се лидер на табелата, со 9 постигнати голови го имаат третиот најдобар напад досега, зад Тиквеш со 11 и Силекс со 10. Стружани пак иако досега постигнаа двојно помалку од Шкендија (5 голови) сепак со двете победи се на четвртото место на табелата.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































