Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години, денеска ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027.

На зонскоиот турнир во Мостар, избраничките на селекторот Деан Стојанов, за противник ќе ја имаат домашната селекцијата на Босна и Херцеговина.

По двата пораз од Романија и Белорусија во мечевите во кои не успеаја да освојат ниту еден сет, македонските младинки денеска сакаат да го поправат впечатокот. И босанските одбојкарки исто така ги изгубија двата меча со убедливи 0-3.

Иако двете селекции ги загубија шансите за пласман во полуфиналето, сепак ќе се борат да го избегнат последното место.

Дуелот меѓу Македонија и БиХ ќе почне од 19.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇