По еднодневна пауза на јуниорското Европско првенство за ракометари до 18 години во Белград, денеска прашуваат натпреварите.

Младата македонска селекција по трите порази во првата групна рунда, сега продолжува со разигрување за пласман од 17 до 24 место.

Избраниците на Горан Кузмановски пак ќе играат во група „1“. Во неа, селекциите на Италија и Шведска пренесоа по 2 бода, а Македонија и Турција стартуваат од нула (0).

Шанса за прва радост македонските јуниори ќе имаат попладнево во дуелот со Италија. Тој натпревар ќе биде и еден од клучните за подобар пласман во групата, но и во конечниот поредок на шампионатот. Натпревар Македонија – Италија што ќе се игра денеска, ќе почне од 14.30 часот.

Утре пак (вторник), македонските јуниори ќе играат против Турција.