Вториот тим на РК Ѓорче Петров продолжува да го засилува ростерот за новата сезона. Најново име во екипата е искусната голгетерка Марија Анчева.

Анчева во Скопје пристигнува од Астибо, каде што во изминатите сезони беше една од главните напаѓачки опции и редовно се наоѓаше меѓу најдобрите стрелци. Минатата сезона ја заврши со 252 погодоци, додека во сезоната 2024/25 постигна дури 345 гола и беше прогласена за најдобар стрелец во женска конкуренција.

Станува збор за ракометарка со големо голгетерско искуство, која треба да биде значајно засилување за Ѓорче Петров 2, особено по влезот на тимот во Суперлигата.

Со ангажманот на Анчева, Ѓорче Петров 2 испраќа јасна порака дека во новата сезона влегува со високи амбиции.

Ивона Кимовска