Еден гол на Левски во второ и фактот што Пафос не постигна гол во Сплит не делеа од добивка претходниот тикет. Па затоа повторно ќе пробаме, со слични игри за овој тикет на колото, кој се состои со типови од Норвешка, Данска и Полска.

СТРОМГОДСЕТ vs ЛИН: 1 и 1+ 1+

Стромгодсет е најдобрата екипа кога е во прашање домашниот терен, каде сезонава има шест победи и едно реми во седум натпревари, со просек од над три постигнати гола по меч.

Токму поради тоа и се должи овој наш тип за дуелот во сабота.

ЛЕХ ПОЗНАЊ vs КРАКОВИЈА: 1

Актуелениот шампион на Полска, повторно влегува во сезоната со високи амбиции. На домашен терен традиционално игра агресивен и напаѓачки фудбал, со висок пресинг и голем посед на топка. Првенството го отвара со Краковија, која ланската сезона се најде на долниот дел од табелата, па типот чиста победа за шампионот е повеќе од очекуван исход.

СЛИГА РОВЕРС vs ДРОГЕДА: 1П 0-2 и 2П 1-3

Ирците „штедат“ на голови, па затоа овој дуел ќе го пробаме со играта да не паднат повеќе од 2 гола во прво и да има помеѓу 1 и 3 гола во второ. Коефициентот е супер, а оваа игра во Златна Копачка секогаш се наоѓа меѓу најиграните на нашите тикети и во најголем број од случајите е и добитна.

КОПЕНХАГЕН vs ЛИНГБИ: 1

Копенхаген е апсолутен фаворит против Лингби. Домашниот тим располага со поквалитетен состав и редовно ги освојува бодовите против екипи од долниот дел на табелата, особено на свој терен.

РОЗЕНБОРГ vs ФРИДРИКШТАД: 2+ 2П

Розенборг има дадено и примено 33 гола оваа сезона на 13 натпревари, додека гостите може да се пофалат со бројка од 38 гола, што значи дека бројот на голови очекуваме повторно да биде висок. За коефициентот да биде повисок, ќе пробаме со тоа головите да бидат во второто полувреме, барем 2.

ГУРНИК ЗАБРЗЕ vs СЛАСК ВРОЦЛАВ: ГГ

Домаќините играа тежок натпревар против Фенебахче, а ќе треба да штедат сили за повторен европски дуел следната недела. Тоа отвара шанса за гостите за гол, а за домаќините притисок повеќе пред домашната публика да испорачаат нов добар резултат. Затоа ќе пробаме ГГ за последниот дуел од овој тикет.

Доколку ти се допаѓа тикетот, можеш да го уплатиш до сабота во било која Златна Копачка, само мој предлог е тоа да го направиш во сабота наутро како би имал 10% поголема добивка.