Машката младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години, загуби „несреќно“ од Полска во дуел на Европскиот шампионат.

Во натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 20 место, Македонија загуби од Полска по изведувањето на седмерци. Откако регрутниот дел заврши без победник 28-28.

Во првото полувреме нашите младинци одиграа подобро од противникот. Имаше Македонија и најголеми четири предност, но на одмор замина со +1 (16-15). избраниците на Игор Илиевски постојано беа во предност од гол-два се до завршните десетина минути. Тогаш, Полјаците врзаа серија од три гола и поведоа 28-25. Сепак, нашите младинци не се откажаа и ја надополнија негативата, а со голот од седмерец на Крстевски се изборија за реми.

Но во пенал серијата, полските ракометари имаа повеќе нерви и на крајот славеа со конечни 32-33.

Марин Крстевски, кој постигна 7 гола и беше најефикасен, а еден помалку (6) реализира Христијан Ѓурмешевиќ. Одличен на голот беше Николовски, кој забележа 16 одбрани.

По овој пораз Македонија ќе разигрува за 19 место, со поразениот од натпреварот Србија – Летонија.

Следете нé на социјалните мрежи