ЖРК Вардар го претстави првото засилување за новата сезона. Нов член на „црвено-црните“ е младата и перспективна голманка Марија Дуновска, која важи за една од најталентираните ракометарки од својата генерација.

Дуновска пристигнува од редовите на Стружанка, каде што настапуваше во изминатиот период и со своите одлични настапи се наметна како една од најдобрите млади голманки во македонскиот женски ракомет.
Таа е кадетска и младинска репрезентативка на Македонија и зад себе има успешни настапи во националниот дрес, каде што беше меѓу најзабележителните ракометарки на својата позиција.

Во Вардар очекуваат Дуновска да донесе дополнителен квалитет и конкуренција на голманската позиција, а нејзиниот ангажман е првиот чекор во формирањето на тимот за претстојната сезона.

Ивона Кимовска