Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, е во Португалија, каде го почитува настапот во ЦЕВ Европската лига.

Со нов селектор, делумно подмладена, Македонија ќе се обиде да се втурне во трка за повисок пласман во силната конкуренција. Инаку ова натпреварување е дел од квалификациите за Европскиот шампионат 2028 година.

Првиот од вкупно шесте меча, на трите турнири, македонските одбојкарки ќе го играат денеска. Противник на Македонија е селекцијата на Унгарија во дуелот што ќе почне во 18 часот. Утре нашата селекција ќе игра против домаќинот Португалија.

Од овој турнир нашите одбојкарки директно заминуваат за Аликанте, каде на 12 и 13 јуни, ќе играат против Шпанија и Азербејџан.

Последниот, трет турнир од Европската лига , Македонија го игра пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Од 19 до 21 јуни нашите одбојкарки ќе ги пречекаат Словенија и Хрватска.