Фудбалскиот шампион на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе биде „крунисан“ во сабота на арената „Тодор Проевски“.

Во последното првенствено коло со кое ќе се игра и дербито меѓу двете првопласирани екипи, Вардар и Шкендија, скопјани ќе го кренат пехарот. Потоа е предвидено и шампионското славје во Градски парк кај „школка“.

Денеска од таборот на ФК Вардар со соопштение до јавноста, од клубот апелираат за фер и достоинствено да биде прославена титулата.

Ова доаѓа како последица на скандалозните објави по социјалните медиуми, при прославата на успехот на клубот. Тоа наиде на големи осуди од јавноста, за вардарци, па сега од клубот ќе се обидат да ја смират „топката“.