Познати се три екипи во женскиот кошаркарски шампионат кои веќе обезбедија пласман во полуфиналето на плејофот.

Тоа се актуелниот шампион Бадел кој и по втор пат убедливо во четвртфиналната рунда го совлада составот на Гризли, како и Баскет Кам кој беше доминантен во двата меча против Пробаскет.

За многумина изненадување е елиминацијата на Крива Паланка која откако загуби пред своите симпатизери, денеска и во вториот натпревар, но овој на гости, беше поразена од Струга, па стружанки сосема заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри.

Кој ќе биде последниот тим, кој ќе им се приклучи на Бадел, Баскет Кам и Струга, ќе дознаеме по средбата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Вардар. Аеродромки го добија првиот меч и тоа на гостински терен, па утре пред својата публика ќе имаат можност да ја заокружат серијата, во спротивни би се играла „мајсторка“ во Кале.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ВТОР НАТПРЕВАР)
(7) ГРИЗЛИ – (2) БАДЕЛ 48-70 (0-2 во победи)
(8) ПРОБАСКЕТ – (1) БАСКЕТ КАМ 58-83 (0-2)
(6) СТРУГА – (3) КРИВА ПАЛАНКА 67-54 (2-0)
НЕДЕЛА
18:00 (5) МЗТ СКОПЈЕ А. – (4) ВАРДАР ______ (1-0)
*Се игра во две добиени

ПОЛУФИНАЛЕ
(1) БАСКЕТ КАМ – (4) МЗТ Скопје А. – Вардар
(2) БАДЕЛ – (3) СТРУГА