Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го отвори турнирот во Струмица.

Нашата селекција загуби од фаворитот со 3:0 во сетови, но пружи силен отпор во текот на целиот натпревар.

Македонија во најголемиот дел од мечот беше во резултатска негатива. Сепак, избраниците на селекторот Миленковски постојано наоѓаа начин да останат конкурентни. Во ниту еден момент не му дозволија на противникот лесно да дојде до триумфот. По голема борба, нашите одбојкари ги загубија и преостанатите два сета.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен во македонските редови со 11 поени. Стојан Илиев постигна осум поени за националниот тим. Лука Костиќ и Филип Савовски реализираа по шест поени. Филип Маџунков натпреварот го заврши со пет освоени поени.

Македонија веќе в недела ќе го одигра вториот натпревар на турнирот.

Противник на нашата репрезентација ќе биде селекцијата на Луксембург.

Дуелот во салата „Парк“ во Струмица е закажан за 19 часот.