Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска, ја одигра втората контрола со Црна Гора во Подгорица. По вчерашниот нерешен резултат 2:2 во сетови, денеска домашната селекција славеше со 3:0.

Иако домаќинот славеше во максимални три, навидум „лесно“, сепак не беше така, бидејќи во сите три сета се водеше голема борба за секој поен

Првиот сет заврши на разлика со 28:26, а вториот домаќинот го доби со 25:20. Третиот сет донесе вистинска драма. Македонија имаше свои моменти, но загуби со 31:29.

Селекторот Јошко Миленкоски не можеше да смета на повредениот Љафтов, но им даде шанса на сите останати одбојкари во составот.

Ова беа единствените контролни дуели за македонските одбојкари пред стартот на Европската лига. Македонија новата сезона во европското натпреварување ќе ја почне на домашен терен во Струмица. Таму избраниците на Миленковски ќе играат против Холандија и Луксембург на 5 и 7 јуни.

Следете нé на социјалните мрежи