Фудбалската репрезентација на Македонија гостува во Сараево, кај Босна и Херцеговина во контролен, пријателски натпревар.

На дуелот што се игра на стадионот „Кошево“ по првиот дел нема голови.

Првата посериозна шанси, ја имаа домаќините преку Бајрактаревиќ чиј удар заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски. Во 31.минута, Македонија прв пат се закани преку Миовски. Штипјанецот изби сам пред домашниот голман кој успеа да го совлада, но во последен момент спаси Радељиќ.

Во продолжението, Босанците беа далеку поопасни. Во финишот односно 45.минута се обиде Баждар а овојпат, стативата, беше сојузници на Македонија. Затоа на одмор се замина со почетните 0-0.