Нови два натпревар од 26.коло во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата во Скопје и Битола.
Во првиот, одигран на теренот крај ФФМ во Скопје, актуелниот шампион Шкендија славеше во дуелот против Работнички со 0-3.
Гостите од Тетово рано го отворија резултатот. Уште во 17-тата минута со голот на Красниќи, а Шкендија поведе со 0-1. Веќе во 37.минута Тамба зголеми на 0-2. На третиот гол се чекаше се до 71-минутга кога Красниќи пак се запиша во листата на стрелците.
Тетовци ја прекинаа серијата од четири победи на Работнички. Сега имаат 61 бод колку и лидерот на табелата Вардар кој вечерва од 20 часот, гостува во Битола, кај Пелистер кој пред три дена ја победи Шкендија.
Последните два натпревари од ова коло ќе се играат утре.
ПРВА ЛИГА – 26 КОЛО
Среда
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-3
20.00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Четврток
15.30 МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ
15.30 ШКУПИ – СТРУГА Т.Л.
Вторник
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-3
БАШКИМИ – АП БРЕРА 0-0


































