Одбојкарите на Штип УГД и ГОК Борец го стартуваа полуфиналето во Првата лига мажи со убедливи победи.

Штип УГД славеше над Работнички, а велешани над актуелниот првак Струмица. Двата натпревари имаа идентично сценарио, гостите поведоа со 1:0 во сетови, но фаворитите се вратија и стигнаа до победа.

Штипјани славеа против Работнички со 3:1, иако првиот сет го загубија со 22:25. Во продолжение доминираа и ги добија следните три со 25:10, 25:14 и 25:12.

Борец Велес исто така направи пресврт против актуелниот шампион Струмица. По загубениор први сет со 21:25, велешани ги освоија наредните три со 25:16, 25:19 и 25:20.

Со овие резултати, Штип УГД и Борец Велес се на чекор до финалето на плејофот и борбата за шампионската титула.

Реванш натпреварите од полуфиналето ќе се одиграат во сабота, 4 април, и ќе одлучат кои екипи ќе играат во големото финале.