Со натпреварот што ќе се одигра попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе биде комплетирано 4,коло од плеј-офот во машката Супер лига.

Во него лидерот на табелата Вардар го пречекува амбициозниот и одличен тим сезонава на Охрид.

Вардарци (46) имаат четири бодови повеќе од првакот Еурофарм Пелистер (42), а шест од денешниот противник Охрид (40) кој е трет на табелата. Затоа денешното дерби може и тоа како да го реши прашањето на идниот шампион на Македонија.

За охриѓани овој натпревар доаѓа меѓу двата дуели со Олимпијакос во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп. Ракометарите на Охрид славеа на гостувањето во Атина, па во реваншот пред својата публика во сабота, треба да го потврдат пласманот во полуфиналето. Потоа ќе следува и ново дерби за охриѓани во Битола со Еурофарм Пелистер.

Вардарци решија вратите на СЦ „Јане Сандански“ да ги отворат, па влезот ќе биде слободен.

Натпреварот што ќе почне од 18.30 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО И ОВДЕ 👇👇👇