Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска на собир, пред натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ ги чекаат две гостувања кај Италија и Ерменија.
Првиот натпревар ќе се игра во Емполи, (четврток – 26 март) против фаворитот Италија. Од фаворитот во првиот дуел одигран во септември месец загубивме со 0-1.
Потоа ќе следува гостувањето во Ереван (31 март) кај Ерменија единствената селекција која ја совладавме (2-1).
Тоа треба да биде дуел за поправање на моменталниот впечаток на табелата, каде Македонија во моментов се наоѓа на претпоследната позиција. Со само една победа и дури пет порази, нашите надежи мораат да покажат многу поголема борбеност и квалитет на овие тешки гостувања.




































