Долго очекуваното кошаркарско дерби меѓу, минатогодишните финалисти, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ ќе се игра во Негорски бањи. Деновиве, јавноста, пред се кошаркарска, со право се прашуваше, зошто двата скопски клуба, не играат во главниот град!?

Одговорот дојде од домаќинот, и организатор на дербито ТФТ, кој ги објасни причините за ваквата одлука. Во соопштението до јавноста, тимот од Тафталиџе, потенцира дека биле принудени на вакво решение. Воедно се информира дека натпреварот ќе мине без присуство на гостинската навивачка група „Фемили Аеродром“.

Почитувани,
Во ова соопштение би сакале да ги разјасниме работите кои кружат во кошаркарските кулоари. Како што знаете и самите, првично натпреварот помеѓу КК ТФТ СКОПЈЕ и МЗТ СКОПЈЕ беше делегиран во спортскиот центар Борис Трајковски (каде што сакаме во иднина да ги играме сите домашни натпревари) на 16.03.2026.

За време на престојниот викенд, нема слободен термин во СЦ Борис Трајковски, поради оддржување на два музички концерти.

Во меѓувреме добивме официјален e-mail од АБА2 лигата кадешто согласно нивниот договор со Арена Спорт нашето барање за преместување на 1/4 финалниот натпревар беше одбиено, со што тој натпревар треба да го одиграме на 17.03 против екипата на КК Златибор во Златибор.
За нас како клуб, во овој историски момент за нас, каде за прв пат се наоѓаме во АБА2 плефојот, овој натпревар е приоритет.

Дополнителни, согласно со барањето на КК МЗТ Скопје за присуство на гостински навивачи би сакале да ве известиме за следното:

Поради фактот што овој натпревар сме приморани (не по наша вина) да го одиграме во спортскиот центар НБ Ноел во Гевгелија кој располага со една трибина и вкупен капацитет од 500 гледачи, по консултација со надлежните – од безбедносни причини нема можност за присуство на гостински навивачи.

За нас како клуб кошаркарката пред полни трибини секогаш било приоритет, за што и самите сте сведоци како било во минатото.
Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од страна на сите љубители на кошарката кои сакаа да присуствуваат на ова дерби.

Нека победи подобриот.

ТФТ во овој натпревар влегува со бод повеќе од МЗТ, а во обид на четири кола до крајот на регуларниот дел, да се обезбеди првата позиција за плеј-офот. 

Дербито меѓу ТФТ и МЗТ Скопје ќе се игра во петок од 18 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ОВДЕ