Остануваат само уште три натпревари во групната фаза на кошаркарската АБА2 лига. Во два од нив инволвирани се македонските претставници. Тие ќе решаваат и за конечниот список на екипи кои ќе продолжат во плеј-офот.
Денешниот во Сараево во кој тимот ТФТ гостува кај Јахорина е со најголема важност. Македонскиот вицепрвак ТФТ е на осмото, последно место што води во разигрувањето со 12 бодови колку што има и седмо пласираната екипа на Златибор. Тие имаа само бод повеќе од Јахорина и МЗТ Скопје Аеродром.
Со победа избраниците на тренерот Боро Смилковски речиси сигурно би обезбедиле четвртфинале, Но, може важна да се покаже и кош разликата, за што се свесни и во таборот на ТФТ.,
„Не очекува исклучително тежок натпревар, натпревар во кој императивот победа се наметнува кај двете екипи а конечниот резултат и кош разлика директно ќе влијаат на конечниот изгледа на табелата
Верувам дека ја разбираме важноста на натпреварот и сме спремни да го дадеме својот максимум, иако не сме комплетни поради проблем со неколку повредени играчи”, изјави тренерот Смилковски.
Натпреварот Јахорина – ТФТ ќе почне од 18 часот, а два часа подоцна ќе стартува дуелот меѓу Златибор и Морнар.
Од исходите на денешните два дуели, зависи и судбината на макеоднскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Аеродромци пак својот натпревар од 8,коло, воедно последен од групната фаза ќе го играат на 10 март кога ќе гостуваат кај Широки Бријег.




































