Од десетте натпревар одиграни ноќеска во НБА лигата ги издвојуваме победите на ЛА Лејкерс, настапот на Ентони Едвардс.
Лејкерси ја врзаа третата победа во низа, а вкупно 37-ма сезоната. Пред својата публика во Лос Анџелес, Лејкерси славеа над Њу Орлеанс си 110-101.
Лука Дончиќ заврши со дабл-дабл ефект постигнувајќи 27 поени и 10 скока на кои додаде и седум асистенции. И Леброн Џејмс ја подигра својата форма па натпреварот го заврши со 21 поен и по седум асистенции и скокови.
Тимот на Минесота Тимбервулвс ги израдува своите навивачи со победата над Мемфис Гризлис со 117-110.
До овој триумф Минесота ја предводеше Ентони Едвардс кој постигна 41 поен и шест асистенции. Тој имаше поддршка од Џулиус Рендл кој заврши со двоен ефект со 23 поени и 11 скока.
Тимбервулвс, кои се искачија на четвртото место во Западната конференција, имаат четири победи по ред и седум на последните осум натпревари.



































