Прволигашката машка кошаркарска конкуренција го заокружи 3.коло од ТОП-8 фазата. По него веќе се профилираат четирите екипи кои ќе играат во плеј-фот. Преку него ќе се бара тимот (само шампионот) кој следната сезона ќе игра во Супер лигата.
Екипите на Бутел, Соколи, Струмица и Борец баскет се тимовите кои веќе имаат значителна предност во однос на останатите.
Битолчани се вратија на врвот на табелата по вчерашната победа на гости во Прилеп кај Мега баскет. Тие имаат 15 бодови и „скор“ 6-3 (победи-порази) идентичен како и Соколи, Струмица и Борец баскет, екипи кои исто така во ова коло славеа гостински победи.
Овој квартет веќе има две победи повеќе од Мега Баскет и Вардар, а четири од Водно санс и Охрид. До крајот на ТОП-8 фазата има уште пет кола, а следното е на 7 и 8 март.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8
3.коло – резултати
ОХРИД – БУТЕЛ 99-106
МЕГА БАСКЕТ – СТРУМИЦА 55-75
ВАРДАР – БОРЕЦ БАСКЕТ 70-95
ВОДНО САНС – СОКОЛИ 68-108
ТАБЕЛА
1.Бутел 15 бодови (6-3 победи-порази)
2.Соколи 15 (6-3)
3.Струмица ФМП 15 (6-3)
4.Борец баскет 15 (6-3)
5.Мега баскет 13 (4-5)
6.Вардар 13 (4-5)
7.Водно санс 11 (2-8)
8.Охрид 11 (2-8)




































