Српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ официјално е регистриран за нов член на македонскиот вицепрвак Вардар, информираа од клубот.
Десно крило се обврза на клупска верност до крајот на натпреварувачката 2027/2028 сезона.
Воркапиќ (28), е и член на српската репрезентација, со богата кариера во европски ракомет. Пред доаѓањето во Вардар, тој играше за Војводина, каде беше еден од клучните ракометари, настапувајќи во домашниот шампионат, Куп натпреварите и во ЕХФ Лигата на Европа. Во својата кариера, ги носеше и дресовите на Металопластика и францускиот тим Иври.
Своето деби во црвено-црниот дрес на Вардар, Србинот би можел да го има веќе утре во дербито со Алкалоид.



































