Шампионот МЗТ Скопје Аеродрм ја потврди фаворитската улога во дуелот со Ангели. Аеродромци убедливо го добија натпреварот од 14.коло, одигран во Јане Сандански со 95-74.

Победата МЗТ ја најави уште во првите 10.минути кои ги доби со 32-19. Веќе на полувремето шампионот имаше убедлива предност од 19 разлика (58-39).

Вториот дел беше само чиста формалност, а МЗТ ја впиша 13-тата победа со кој изби на 1.место на табелата. Сега втор е ТФТ сои победа помалку, но и натпревар помалку. Екипата од Тафталиџе својот натпревар од ова коло со Чаир ќе го игра во петок, бидејќи денеска ТФТ имаше настап во АБА2 лигата.

Што се однесува до стрелците на дуелоит МЗТ – Ангели.

Најефикасен во победничката екипа беше капитенот Дамјан Стојановски со 22, додека Марин Петков заврши со 15 постигнати поени. Во поразениот состав се истакна со Рубин Стефанов си 18 поени, но тоа не ги спаси Ангели од нов 13-пораз, па остануваат на дното на табелата.