Пет од шесте натпревари од 14.коло во машката кошаркарска Супер лига ќе се играат денеска.

Во салата на ОУ „Наум Наумоски Борче“ во скопската населба Маџари ќе има двојна програма.

Во терминот од 17 часот екипата на Феникс ќе го пречека составот на Куманово. Вториот натпревар ќе се игра од 20.30 часот, а во него Маџари за противник ќе го има битолски Пелистер.

Останатите три денешни натпревари ќе стартуваат од 18 часот. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром е апсолутен фаворит на домашен терен против екипата на Ангели. Во Кавадарци кај Тиквеш гостува Работнички, а Гостивар е домаќин на гевгелиски Кожув.

Колото ќе биде заокружено во петок со натпреварот ТФТ – Чаир, а ова поради обврските на екипата од Тафталиџе во АБА2 лигата.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО

(среда) 4 февруари
17.00 ФЕНИКС – МКК КУМАНОВО
18.00 ГОСТИВАР – КОЖУВ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – АНГЕЛИ
18.00 ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
20.30 МАЏАРИ – ПЕЛИСТЕР
(петок) 6 февруари
12.00: ТФТ – ЧАИР