Најдобрата машка ракометна репрезентација на отпатува за Швајцарија каде во наредните три дена ќе одигра три контролни натпревари.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во Вунтертур, ќе настапат на турнирот ,,Жолт куп”. Противници на Македонија ќе бидат, Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија, редоследно.

Преку овие натпревари македонските ракометари ќе ја подигаат формата за вистинскиот предизвик, настапот на Европскиот шампионат. Македонската експедиција на 11 јануари заминува за Данска.

На 16 јануари, Македонија ќе го игра првиот натпревар, а противник е ко-домаќинот и топ фаворит за златото селекцијата на Данска. Во групата Б, чии натпревари ќе се играат во Хернинг, противници на црвено-жолтите ќе бидат и Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари). Целта на македонските ракометари е јасна, да се обезбеди едно од првите две места во групата кои видат во главната фаза на шампионатот.