Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска има слободо ден. Бадниковата вечер, македонските репрезентативци ќе ја минат со своите најблиски.

Тие веќе утре заминува за Цирих, а оттаму за Винтертур, каде ќе се игра турнирот „Жолтиот Куп“. Од 8 до 10 јануари, Македонија ќе одигра контролни натпревари против Бахреин, Украина и Швајцарија редоследно. Преку нив селекторот Лазаров треба да го дефинира списокот на ракометари кои ќе настапуваат на првенството. Како што најави селекторот Лазаров со себе ќе понесе 19-мина ракометари кои ќе конкурираат за место во селекцијата.

„Атмосферата во тимот е супер, се подготвуваме првиот дел поминаа. Сега ќе прабиме подетално анализа на противниците и со тек на време ќе бидеме се поспремни за Европското првенство, односно за предизвиците што на очекуваат“, вели Иван Џонов.

Тој смета дека претстојните натпревари на турнирот во Швајцарија ќе бидат исклучително важни.

„Мислам дека токму овој турнир е најважен бидејќи ќе добиеме реална слика до кај сме и колку тоа може да функционира, каде ќе направиме грешки, како да ги поправиме тие грешки. После турнирот имаме неколку дена во кои што можеме да промениме некои работи, затоа според мене тоа е еден најважен турнир“, додава Џонов.

На 11 јануари следува патот за Хернинг, Данска на Европското првенство.

Во првата фаза од шампионатот Македонија ќе игра во Б групата. Првиот натпревар е на 16 јануари дуелот против ко-домаќинот на првенството и еден од главните фаворити за златниот медал Данска. Два дена подоцна (18 јануари) ќе следува натпреварот со Португалија, а на 20 јануари и дуелот со Португалија.

Примарна цел, за македонската селекција е секако пласман во втората главна фаза на првенството во кој ќе продолжат двете прво пласирани селекции од шесте групи.

„Нормално е дека сите ние сакаме да поминеме во тој втор круг, следната фаза.

Противниците се екстра квалитетни. Мислам дека не треба да трошам зборови за Данска. Португалија исто е многу квалитетна последните неколку години завршил во топ пет екипи. Романија не смее да се потцени никако.

Можам да ветам, дека ние ќе се бориме од првата до 60-тата минута, цело време постојано ќе бидеме борбени и ќе гледаме да бидеме најдобрата верзија од себеси, за да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло“, потенцира Џонов.