Во натпревар од 18.коло на италијанското Серија А, Лацио на домашен терен загуби со 0:2 од Наполи.
Шампионот освои важни бодови во трката за титулата. Римјаните не успеаја да одговорат на брзите и ефективни напади на актуелниот првак.
Наполи поведе уште во 13. минута кога одличен центаршут од Матeо Политано го искористи Леонардо Спинацола за 0:1. Во 32.минута повторно Политано беше во улога на креатор на голот, овојпат на Амир Рахмани кој го постави конечниот резултат.
Лацио во продолжението се обидуваше да го загрози голот на гостите, но не успеа да го пробие цврстиот дефанзивен ред на Наполи.
Наполи се искачи втората позиција со 37 бодови еден помалку од лидерот Милан и еден повеќе од трето пласираниот Интер. Екипата на Лацио остана осмото место со 24 бода.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмс беше стартер кај гостите одигра 86 минути.




































